ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Грција и ПЈРМ ,, 2007-2013” е Програма за прекугранична соработка ко-финансирана од страна на Европската Унија, во рамките на инструментот за Претпристапна помош (ИПА). Програмата се фокусира на промовирање на одржлив економски и социјален развој во граничните области и помагање на соработката за решавање на заедничките предизвици во области како што се животната средина, природното и културното наследство и јавното здравје. Општата цел на програмата е ,,да се зајакне меѓусебното приближување во програмската област со унапредување на одржливиот локален економски развој”. ,,Грција – ПЈРМ ИПА Програмата за прекугранична соработка 2007-2013” е ко-финансирана од Европската Унија во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА). Истата беше одобрена на 5/09/08 со Одлука на Европската Комисија Ц (2008) 4717.

Програмата се состои од три Приоритетни Оски:

Приоритетна Оска 1: ,,Зајакнување на прекуграничниот економски развој”

Приоритетна Оска 2: ,,Зајакнување на ресурсите на животната средина и културното наследство на програмската област”

Приоритетна Оска 3: ,,Техничка Помош”

Програмската Област се состои од:

Грција: Регион на Западна Македонија (Регионален ентитет на Флорина) и Регион на Централна Македонија ( Регионален ентитет на Пела, Килкис, Серес и Солун)

Поранешна Југословенска Република Македонија: Регионите на Пелагонија, Вардар, Југоисточниот и Југозападниот регион).

Проектот ,,BEE CONOMY” беше одобрен во Приоритетна Оска 1, во рамките на третиот повик за предлози.

Печати


Bee Conomy
The Project is co-funded by the European Union and by National Funds of the Participating Countries under the IPA Cross-Border Programme "Greece - The former Yugoslav Republic of Macedonia 2007-2013"