Партнери

Општина Алмопиа

Општина Алмопиа е основана во 2010г. по спојувањето на општините Аридеа и Ехплатанос. Зафаќа површина од околу 986 км² и население од 27.556 жители. Аридеа е единствен град на општината и е придружена со 39 села. Алмопиа се состои од долина опкружена со планини заштитени со закон Натура 2000 и позната е по производство на овошје и зеленчук со висок квалитет како што се: цреши, праски, грав и црвени пиперки. Покрај земјоделското производство, Алмопиа е позната и по термалите бањи на Лутра, која е туристичка атракција од голема важност. Општината Алмопиа поседува големи потенцијали и повеќе предизвици со кои се соочува.

 

Општина Неготино

Општина Неготино се простира на површина од 412 км². Се наоѓа во централниот дел од Македонија, во регионот на средно Повардарие на двата брега на р. Вардар. Неготино има добра локација и комуникации. Автопатот M-1 Скопје – Солун води преку Неготино и е поврзана со железничка пруга.

Бројот на население во општина Неготино е 19.212 од кои 13.500 жители живеат во градот и 5.500 жители живеат во 12 рурални населби.

Неготино има одлични природни можности за културен развој, особено за вински туризам.

Печати


Bee Conomy
The Project is co-funded by the European Union and by National Funds of the Participating Countries under the IPA Cross-Border Programme "Greece - The former Yugoslav Republic of Macedonia 2007-2013"